„Вино на штикли“: Скопје повторно ќе наздрави со стил

На 9. јули, четврток, на терасата со еден од најубавите погледи кон Скопје – Ragusa 360 Rooftop – ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање.

И оваа година, салонот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии. Од свежи и лесни бели вина, преку нежни розе нијанси, до структурирани и комплексни црвени етикети, „Вино на штикли“ ќе биде можност за откривање на нови вкусови, вински приказни и етикети со карактер.

„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство. Посетителите ги очекува внимателно создадена атмосфера со вкусни деликатеси, модно изненадување и музичка програма во живо, која оваа година ќе ја збогати Бернарда Бобовечки со акустичен настап. Нејзиниот глас ќе биде музичката нота што ќе ѝ даде дополнителна елеганција на вечерта над градот.

Настанот останува верен на својата препознатлива енергија да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено да биде отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести