(Видео) Мадона го објави новиот албум, критичарите велат дека е најдоброто нешто што го издала во последните 20 години

Денеска е објавен новиот албум на поп кралицата Мадона, еден од најочекуваните албуми за годинава. Таа во август ќе наполни 68 години.

“Confessions II“ е продолжение на нејзиниот албум “Confessions on a Dance Floor“ од 2005 година, а најреномираните светски музички критичари истиот го отценуваат како нешто најдобро што објавила во последните 20 години и како еден од најдобрите албуми за годинава.

Првиот синг беше „Bring Your Love“ со Сабрина Карпентер, за кој го објави и првото видео, а денеска ќе биде објавен и вториот “Danceteria”, а во видеото за песната кое исто така се очекува да биде објавено, се појавуваат познати светски актери како Бенедикт Камбербач и Џулија Гарнер, супермоделот Кејт Мос, фудбалери на фудбалскиот клуб „Челзи“, како и нејзината ќерка Лурдес, со која има и заедничка песна на новиот албум – “Test”.

Продуцент на новиот албум со кој Мадона се враќа на денес подиумот е Стујарт Прајс, кој го продуцираше и “Confessions on a Dance Floor“.

Оваа е 15 студиски албум на Мадона. Има 12 песни, а луксузното издание 16.

Има објавено и три албуми за филмовите “Who’s That Girl“, “I’m Breathless“ и “Evita“, неколку компилации со ремикси на најголемите хитови, како и на дел од албумите, една компилација со најголемите хитови, како и пет албуми во живо.

На музичката сцена е повеќе од 40 години.

Во прилог некои и од фаворите на еМагазин од новиот албум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мадона повторно ги помести границите, наместо спотови за новиот албум објави краток филм

Фото: Промо/Warner Records/Rafael Pavarotti

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести