Како најава на новиот албум „Confessions on a Dance Floor: Part II„, кој треба да излезе на 3. јули поп кралицата Мадона (67) наместо класични видео спотови за веќе објавените песни – „I Feel So Free“ и „Bring Your Love“ со Сабрина Карпентер, како и за четирите необјавени – “Danceteria”, “One step away”, “Read my lips” со Феид и “Good for the soul” објави краток 10-минутен филм.
Станува збор за смел визуелен проект кој стана топ тема во светските медиуми и на социјалните мрежи и веќе се оценува како еден од најдобрите проекти кои ги направила во нејзината над 40-годишна кариера.
Во истиот се појавува и плејада на познати светски актери како Бенедикт Камбербач и Џулија Гарнер, супермоделот Кејт Мос, но и нејзината ќерка Лурдес.
Истиот е режиран од Дејвид Торо и Соломон Чејс.
Фото: Промо












