Витаминка АД Прилеп во првите девет месеци од годинава остварила единечни вкупни приходи од 3.021.325 илјади
денари, кои во споредба со истиот период лани бележат раст од 14%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, велат од таму.
Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 2.984.765 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат зголемување од 21%.
Друштвото остварило добивка по оданочување од 37.890 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 5%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














