Колку ќе изнесува каматната стапка за заемот од Обединетото Кралство

Каматната стапка за секој проект предвиден со заемот од Обединетото Кралство ќе се утврдува различно и затоа не може во моментов да се каже колку ќе изнесува истата, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој очекува вкупната каматна стапка да биде пониска од маргината – 4,5 проценти и дообјасни дека Македонија ќе го користи кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, (ААА), како што рече, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.

Тоа, подвлече, е засега сигурно договорено.

-Во делот на финансиските аранжмани ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме приближна структура колку би била каматната стапка за тој заем и би кажал дека е подолу од долната маргина, рече тој, нагласувајќи дека Македонија нема да оди на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии откако ќе добие барање за проект, ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредитодаватели, меѓу кои и европските банки.  

Рече дека финансиските услови сè уште не се до крај договорени, и посочи дека во случајот има петгодишен грејс-период и првата фактура би доспеала на 1. јануари 2027 година и оттогаш ќе стартува грејс-периодот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести