Министерот за транспорт Александар Николоски денеска изрази поддршка во име на Владата на протестот на транспортните превозници, кои ги блокираа граничните премини поради електронскиот систем за влез и излез во Шенген зоната на Европската унија (ЕУ).
„Овој протест е предупредувачки и превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10. април па натаму.
Имаме три возможни решенија. Првото е да се одложи примената на електронскиот систем за превозниците, второто е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат од сегашните 180 на 250 денови во Шенген зоната, соодветно поделено во циклуси и третото решение е да не се третираат како туристи, туку да се третираат како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила или да бидат соодветно уредени со работни визи.
Веќе остварив контакт со министерот за транспорт на Грција, а во среда ќе разговарам и со министерот за транспорт на Хрватска, како и со останатите земји од ЕУ се со цел да се реши целата оваа ситуација,“ рече Николоски од Граничниот премин Блаце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради блокадата на транспортерите, МВР ќе го регулира протокот на возила и автобуси на границите
Фото: Влада













