Владата потврди дека меѓу исчезнатите во пожарот во Кран-Монтана има македонски државјанин

Од Владата денеска потврдија дека во пожарот во барот „Констелејшн“, во Кран-Монтана, Швајцарија, има исчезнат македонски државјанин.

„Последните информации кои ги добив од надлежните институции е дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со властите и со кантонската полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа. Немам дополнителни информации. Ќе ја информираме јавноста веднаш штом имаме повеќе детали,“ одговори на новинарско прашање портпаролката Марија Митева.

Станува збор за Стивен Ивановски, за кој семејството бара помош на социјалните мрежи.

Во катастрофалниот пожар, кој најверојатно настанал од новогодишни прскалки, загинаа најмалку 47 лица, а над 100 се повредени.

Македонската државата понуди помош на Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 40 луѓе загинаа, 115 се повредени во пожар во Кран-Монтана, исчезнат и Македонец

МНР нема информации за загинати или повредени македонски државјани во пожарот во Кран-Монтана

Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се зголеми на најмалку 47

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести