Владата со препораки за претстојниот топлотен бран

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030, информираат од таму.

-Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во нивна надлежност за спроведување на мерките предвидени во Фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, односно:

– Јавни комуникации и информирање, Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно да информира за состојбата со топлотниот бран.

– Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

– Работни услови и заштита на работниците, да се разгледа можноста за:

Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина.

-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените.

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица.

-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време.

-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР со предупредување: Следува многу топло време со температура до 40 степени

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести