Главната ѕвезда за организираниот дочек на Нова Година во Гевгелија ќе биде Владо Јаневски, кој ќе настапи заедно со неговиот бенд, информираа од Општината.

Новогодишна забава на Градскиот плоштад, на 31. декември 2025 година, ќе започне 20:30 часот, а освен Јаневски дел од музичката програма ќе бидат и „Ситуација бенд“ и „Либра бенд“.
Ќе настапи и stand-up урбаната легенда, Дејан Малзарков- Диверзија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каролина Гочева и Тамара Тодевска потврдени за дочекот на Нова Година во Скопје
Фото: архива/Општина Гевгелија












