Во притвор почина поранешниот главен испектор за собраќајни работи во Кочани, Владо Петров, кој неколку години беше во пензија, а кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани, каде во т.н. дискотека во пожар загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Информацијата на социјалните мрежи ја сподели Мартин Ефремов, претседател на Независниот полициски синдикат.
Петров, стана осомничен поради тоа што потпишал документ за паркинг просторот пред т.н. дискотека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За оваа истрага, која која ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а со која се опфатени неколку полициски службенци, се уште нема обвинение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Суспендирани испектори на УЈП опфатени со предистрагата за пожарот во Кочани
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Фото: Независниот полициски синдикат/Фејсбук