Антонио Јанковски се лекува на Инфективната клиника во Скопје, лежи во собата 309, без да го посети некој, и му се ускратени и најмалите животни задоволства – како домашно зготвена храна, кои би му причиниле голема радост и волја за живот.
„Животот знае да биде суров, а јас тоа денес го живеам на своја кожа. Болеста ме остави без дом, без приходи и без силите што некогаш ме водеа низ кујната, каде што со љубов и страст готвев за Вас.
Порано бев професионален готвач, можеби се сеќавате на мене, имав кулинарски емисии на Канал 5, ја полнев вашата маса со вкус, а срцето со радост. Публиката ме сакаше за мојот шарм, ведрина и насмевка – и секогаш верував дека убавината на животот е во споделувањето.
Сега, мојата најголема битка е за здравје и за живот. Ми се потребни средства за лекови, терапија и специјализирани прегледи во Истанбул, Турција – нешто што овде не можам да го добијам. Времето е драгоцено, а секој ден значи нова шанса да продолжам да се борам.
Ве молам од срце – секој ваш придонес, без разлика колку е мал, е за мене е огромен зрак светлина. Не е само донација – тоа е порака дека не сум сам и дека човечноста сè уште постои,“ вели Јанковски.
Сметка: 270-7000-5043-6651/SWIFT CODE EXPCMIK22XXXBIC Halk banka
Носител на сметка: Н.Стојановски, близок роднина на Антонио преку кој се уплаќаат донациите.