Во ГОБ „8 Септември“ се реконструираат седум операциски сали со вкупна површина од 750 метри квадратни, а вкупната инвестиција е од 12 милиони евра, од кои едната е за роботска хирургија, за првпат во нашата држава, најави министерот за здравство Азир Алиу.
„Исто така и 500 метри квадратни за лаборатории со најнови технологии. Со оваа значајна капитална инвестиција значајно ќе се подигне степенот на пружање здравствена заштита, во најмодерни услови по најсовремени европски и светски стандарди.
Предвидени се седум нови операциони сали со површина од 750 м2, од кои две за абдоминална хирургија, две за уролошка интервенција, две за уво нос и грло, и една за очна хирургија. Проектот предвидува и нова апаратура со најсовремени болнички услови за пациентите и здравствените работници, а целосно ќе се санира и кровот на болницата.
На одделот за интензивна нега на површина од 500 метри квадратни предвидени се седум целосно опремени боксови за пациенти со најсовремени кревети, линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и патолошка лабораторија,“ рече Алиу, кој денес изврши увид во градежните активности со премиерот Христијан Мицкоски.
Фото/Влада