(Фото) Во Ханиоти се удави 19-годишно момче од Македонија

Во Ханиоти на Халкидики во Грција вчера се удави 19-годишно момче од Македонија, пренесуваат грчките медиуми.

Според нив момчето доживеало срцев удар по давање.

Момчето било извадено од морето од спасувачка, со помош на неколку други лица.

По неколку минути пристигнала и Брза помош, по што момчето било пренесено во болница, каде лекарите констатирале смрт.

На Фејсбук со емотивен статус за несреќата се огласи и Јоанис Колокитас, волонтер спасувач, кој бил во возилото на Брзата помош, кој раскажа дека заедно со спасувачката со реанимација се обидувале да го вратат во живот момчето и дека тоа го правеле цело време додека да стигнат до болницата, но за жал, безуспешно.

На неговиот статус реагираа негови следачи кои коментираа зошто напишал Северна Македонија, а не “Скопје“.

„Значи, ако напишев „Скопје“ наместо „Северна Македонија“, дали тоа ќе направи некаква разлика во човечкиот живот што беше изгубен?“, одговори тој, посочувајќи дека се скршил на илјада парчиња и дека се уште не може да се опорави од тоа што го доживел заедно со таткото на момчето, подвлекувајќи дека и тој е татко на две деца на возраст како починатото момче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот Конзулат во Солун работи на транспорт на телото на 19-годишното момче од Македонија кое се удави во Ханиоти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести