(Фото) Во јавноста излегоа наводни пораки од Росица до Тошковски во кои моли за помош, министерот демантира

Во јавноста излегоа наводни пораки од убиената Росица Коцева од Велес, во врска со заканите од поранешното момче. Наводно барала помош и од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но тој демантира.

„Министерот Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста, а воедно упатува апел овој трагичен настан да не се злоупотребува за дневнополитички цели,“ велат Министерството за внатрешни работи за Слободен печат“.

Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиното поранешно момче, откако по неколку обиди за пријави до надлежни институции, истите не успеаја да ја заштитат од фемицид.

По двојното убиство и самоубиство, се случија и протести на кои беше побарано ниту една жена повеќе да не биде жртва на ненавремено постапување на институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиецот на Росица го пријавиле за закани и малтретирање уште најмалку 4 девојки

Објавени фотографии од убиецот на Росица од Велес и нејзиниот татко

Пред да биде убиена Росица од Велес, повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство: Детали од Обвинителството

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести