Во каква здравствена состојба се повредените од престрелката во Тетово, во која загина и едно лице

Вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која загина едно лице, чии идентитет се уште не е познат, е во фокусот на јавноста.

Во престрелката помеѓу две возила на среде крстосница во градот беа повредени и четири лица, од кои едното е 12-годишно девојче, а друго е пешак – случаен минувач на возраст од 60 години, А.С..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице убиено во престрелка во Тетово, неколку повредени, меѓу кои и малолетничка и случаен минувач

Тројца од повредените првично беа пренесени во Клиничката болница во Тетово.

Од Министерството за здравство информираа дека маж на возраст од 32 години со прострелна рана во пределот на градниот кош е на КАРИЛ.

Девојчето е на Детска хирургија во Скопје и има прострелна рана во пределот на десната натколеница.

На Торакална хирургија е 37-годишен маж, кој има прострелна рана во пределот на градниот кош.

Пешакот е на Трауматологија со скршеница на десната потколеница.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести