Во ќелијата на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој е еден од обвинетите во случајот познат како “Онкологија 2“, во КПУ Затвор Скопје, биле пронајдени три мобилни телефони.
Информацијата пред денешното рочиште ја соопшти судијката Славица Наумовска Јосифовска. Судот за тоа бил информиран од од КПУ Затвор Скопје.
Тој пак пред Судот изјави дека тие не се негови и дека нему не му е одземен негов телефон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија
Фото: Влада