Во Кочани започна со работа регионалниот Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка на Црвен крст.
-Центарот за ментално здравје ќе биде место за доверлива и безбедна грижа, со акцент на справување со траумата, загубата и емоционалните последици. Во Центарот, во рамки на првата фаза ќе работат девет психолози, кои ќе обезбедуваат индивидуални и групни сесии, психоедукација и поддршка за волонтерите и вработените. Овој центар е пример за тоа како треба да изгледаат вакви објекти низ целата држава, изјави министерот за здравство Азир Алиу.
Тој, исто така, информираше дека во наредните три години, Центарот располага со буџет од 150 илјади евра, обезбедени од Црвениот крст на Австрија и на Србија, како и други партнери и донатори.
Средствата ќе бидат насочени кон обезбедување современа опрема, едукативни програми и континуирана поддршка за стручниот кадар, со цел граѓаните да добијат најквалитетни услуги.
Фото: МЗ













