Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања, соопшти Државниот завод за статистика.
Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2,02%, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53%.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,22%.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70%.
Фото: Унсплеш














