Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата

Македонија денеска е завиена во тага. Во Кочани со протест, а во Скопје со мирен собир ќе се обележат шест месеци од пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Меѓу загинатите се и осум членови на групата ДНК, кои таа кобна вечер имаа концерт во т.н. дискотека.

Загина пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.

По пожарот две месеци на лекување во Грција беше и гитаристот на ДНК, Горан Тонев, а за Владимит Блажев Панчо, еден од основачите на дуто ДНК, не е познато дали е се уште на лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е за последен пат

Родителите на тапанарот Џоко Ѓоргиев кој загина во пожарот во Кочани за еМагазин: Нема цена за нашето дете, сакаме правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести