Во скопската гимназија „Орце Николов“ се одбележа значаен јубилеј-25 години билингвална француска паралелка

Во скопската гимназија „Орце Николов“ се прослави значаен јубилеј, 25 години од формирање на билингвална француска паралелка.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, претставници од МОН, Француски институт, директорот на училиштето Марјан Пулевски, наставници кои ја продлабочуваат македонско-француската соработка.

Талентирани учениците имаа свои музички изведби и поетски читања, креирајќи еден извонреден меланж на македонско-француската соработка.

На настанот беа поддржани од нивни роднини, пријатели, наставници, кои се клучни делови од алката на француско-македонската соработка.

Доказ за квалиетот на едукацијата во француската паралелка е што, над 500 ученици поминале по патот на франкофонијата и го продолжиле своето школување во бројни светски универзитети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести