Водата во Скопје поскапе за 10%

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), цената на водата во Скопје од месецов е поскапа за 10% или 3 денари по кубик.

Сега кубен метар вода чини 35,02 денари, а зголемување на цената има кај водата за пиење, кај прочистување на отпадни води и кај собирањето и одведувањето на урбани отпадни води или заедно за околу 10%.

– Регулаторната комисија има обврска да предложи најниска и највисока цена за водата, а советите на Град Скопје и сите општини во земјата треба да одлучат за крајната цена на водата. Во случајов, Sоветот на Град Скопје не донесе никаква одлука, па Комисијата, според законот, мораше да утврди цена, велат од РКЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести