Момче на возраст од 18 години загина денеска во раните утрински часови во сообраќајна несреќа во Гостивар.
Станува збор за А.Б. од Гостивар, кој како што информираа од ОВР Гостивар, од повредите починал на лице место.
Несреќата се случила на улицата „Илинденска“, кога во момчето кое управувало мотоцикл удрило патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М. (38) од гостиварското село Балиндол.
И.М. е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Унсплеш