И исклучувањето на интернетот и мобилната комуникација не ги смирија протестите низ цел Иран.
Истите започнаа на 28. декември, поради економската криза, високата инфлација и цени.
Досега од страна на иранските власти се убиени над 79 лица, меѓу кои и деца, а се приведени над 2.300 лица.
На социјалните мрежи се објавени вознемирувачки снимки од убиените.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги предупреди тамошните власти да престанат со убивањето на демонстрантите и најави вмешување на САД, без прецизни детали. Рече дека ќе ги удри таму каде што најмногу ги боли.
Иранските власти пак му порачаа да си ги среди проблемите дома.
За уривањето на протестите иранските власти на големо употребуваат сила, но и пукаат во граѓаните по улиците.
Граѓаните кои протестираат бараат смена на репресивниот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш/видео: социјални мрежи/Iran International – English












