(Вознемирувачко) Објавено видео како таткото од Драчево ја тепа 4-годишната ќерка

Мајката на 4-годишното девојче од скопско Драчево на социјалните мрежи сподели видео, кое е дел од доказите на Основното јавно обвинителство, како нејзниот 28-годишен маж го тепа нивното дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

28-годишен маж си ја претепал четиригодишната ќерка, се заканувал и дека ќе ја убие, мајката пријавила

-Зарем вакво детство заслужува едно дете? Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години.

Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам.

Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи… не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми…, стои во објавата на Фејсбук.

За мажот, како што е познато Обвинителство покрена постапка.

Инцидентот се случи во нивниот сеемен дом, додека мајката подготвувала храна.

Девојчето се качило на кревет да земе играчки, по што осомничениот започнал со навреди, удари и закани по нејзиниот живот.

Таа добила телесни повреди – набиеница на главата и гребаници на лицето.

Осомничениот е во притвор.

Предупредуваме видеото е вознемирувачко!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести