(Вознемирувачко видео) Македонец предизвика бура во Бугарија откако прегази куче во Софија

Лекар на Воено-медицинската академија во Софија, Бугарија, по потекло од Македонија предизвика бура од реакции во земјата откако со автомобил прегази куче, маалски миленик.

Од видеото објавено од надзорни камери се гледа дека тој отпрво не приметил дека го прегазил кучето, излегува од автомобилот согледувајќи што направил, и уште еднаш го прегазува, наместо да му помогне.

По социјалните мрежи се споделуваат информации и за неговиот идентитет, а локалните медиуми објавија дека му се заканува затворска казна и до пет години, ако се утврди намера, а може да ја изгуби и работата во болницата, која била информирана за инцидентот.

Тој бил сослушан во полиција и бил пуштен, откако негирал дека намерно го прегазил кучето. Тамошното Обвинителстото отворило предистрага.

Видео: Фејсбук/Amaranta Evie Riz

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести