Кои ќе бидат новите министри од “Вреди“

Познати се имињата на кандидатите за нови министри од владејачката коалиција “Вреди„.

Како што е веќе познато нов прв вицепремиер, како и министер за европски прашања, ќе биде поранешниот министер за здравство Беким Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, кој ќе биде прв вицепремиер

Тој доаѓа на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на скопската општина Чаир на последните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат

Досегашниот министер за европски прашања Орхан Муртезани пак треба да стане амбасадор на Македонија во Брисел, Белгија.

За нов министер за животна средина и просторно планирање кандидат е Мухамед Хоџа.

Нов министер за здравство треба да стане Башким Бакиу, кој беше кандидат на коалицијата за градоначалник на Град Скопје на последните локални избори.

Актуелниот министер за здравство, Азир Алиу, пак треба да стане нов директор на Агенцијата за електронски комуникации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Азир Алиу, новиот министер за здравство

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести