За Божик, снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) во среда попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег.

Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести