За Стокхолм, Бари и Мадрид ќе се лета три пати неделно, за Прага и Ларнака два пати

Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар, нудејќи им на патниците поширок избор на директни летови до дестинации за одмор и бизнис, информираат од ТАВ Македонија.

Новите дестинации, велат од таму, исто така придонесуваат кон мисијата на компанијата за олеснување на мобилноста и пристапноста, а воедно и одржување на највисоките стандарди за безбедност, ефикасност и патничко искуство.

„Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор.

Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор.

Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од компанијата информираат дека билетите се веќе во продажба на веб-страницата на „Визер“ за Стокхолм, Бари и Мадрид со по тринеделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно.

Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември, соодветно, со што ќе им се овозможи на патниците на скопскиот аеродром поголем пристап до клучните културни, економски и туристички центри низ Европа, со Визер како нискобуџетна авиокомпанија која нуди  комплетни услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Веќе се достапни билетите за Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака, велат од „Виз ер“

„Виз ер“ ќе лета од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести