„Лукоил Македонија“ доби забрана за учество на тендери за јавни набавки во Македонија, откако македонското Министерство за одбрана ѝ издало негативна референца, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Забраната ќе важи шест месеци, а истата стапила на 17. декември лани.
Фирмата нема да може да учествува на тендери за јавни набавки објавени од училишта, општини и државни институции.
Како што велат од Министерството за РСЕ, причината е што компанијата не обезбедила банкарска гаранција.
Компанијата поднела жалба, но Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила истата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали „Лукоил Македонија“ ќе биде продадена?
Непозната судбината на 550 вработени во “Лукоил Македонија“
Фото: Лукоил Македонија












