Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата

Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ Струмица во соработка со УНИБанка АД Скопје, ја претставува новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги преку наменски потрошувачки кредит со 0% камата, достапен за клиентите на УНИБанка, информираат од таму.

-Во услови кога здравјето е највисок приоритет, Жан Митрев Клиника на своите клиенти им овозможува финансирање преку УНИБанка од максимален износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 48 месеци, под исклучително поволни услови.

Кредитот е со 0% каматна стапка, без надомест за одобрување, без трошоци за предвремена отплата и без потреба од жиранти или дополнително обезбедување, а постапката за аплицирање е едноставна и прилагодена на потребите на клиентите.

Оваа иницијатива е креирана со цел на пациентите да им се овозможи навремен, сигурен и непречен пристап до врвна здравствена грижа во рамки на Клиника Жан Митрев, без финансискиот аспект да претставува пречка за носење важни одлуки поврзани со здравјето.

Кредитот може да се искористи за широк спектар на медицински услуги и третмани во клиниката, вклучително и услуги во Центарот за стоматологија, Центарот за мајка и бебе, Центарот за естетската дерматологија, како и останатите оддeли, а согласно потребите на пациентите.

Со ова партнерство, Клиника Жан Митрев уште еднаш ја потврдува својата мисија да обезбеди современа, квалитетна и достапна здравствена грижа, додека УНИБанка, преку конкретна поддршка за своите клиенти, покажува дека финансискиот сектор може да има значајна улога во унапредувањето на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Ова заедничко решение претставува вистински чекор кон подигнување на стандардите во грижата за пациентите и јасен пример дека соработка меѓу здравствени и финансиски институции може да донесе реална и долгорочна вредност за целата заедница, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести