Момче на 20-годишна возраст загина вчера откако со мотор удрило во бетонски столб.
Се работи за М.П. од кумановското село Доброшане, кој починал на лице место, а несреќата како што информираа од Секторот за внатрешни работи Куманово, се случила на локалниот пат од кумановското село Орашац кон регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
До несреќата дошло откако управувајќи мотор “бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и удрил во столбот.