(Фото) Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Денеска започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Ќе се изградат 66,7 километри гасовод на македонска територија.

Капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.

„Гасоводниот интерконектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака – конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека преку овој интерконектор ќе се поврземе со гасоводите на соседите и тоа ќе нè направи регионална енергетска крстосница.

„Тоа значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци. Тоа значи дека повеќе нема да бидеме на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек,“ дополни тој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести