Запознајте ги македонските олимпијци за престојните Зимски олимписки игри

На престојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина Дампецо, Италија, Македонија ќе ја преставуваат четворица спортисти.

Виктор Петков

Петков дојде на местото на Мирко Лазарески, кој како што информираа од Македонскиот олимписки комитет паднал на допинг-тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков на местото на Лазарески во македонскиот тим за Зимските олимписки игри

Ова ќе биде прв настап на најголемиот спортски настан за Петков.

После пет учества на светски првенства ова e врв во неговата спортската кариера.

Тој ќе натпреварува во велеслалом.

Имаше добри настапи на Јахорина и Купрес БиХ.

Член е на Ски Клуб Сноу Спорт Клуб Гостивар.

Ана Цветановска

По дебито во Пекинг 2022, таа се враќа на олимписката сцена.

Таа беше нашата единствена претставничка на Светското првенство во Трондхејм и ја потврди формата со 5. место на силниот Балкански куп.

Таа ќе се натпреварува во спринт, интервал старт 10 км.

Ставре Јада

По ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за него.

Со Топ 5 пласман на Балканскиот куп, тој е нашиот најстандарден репрезентативец во крос-кантри.

Искуството е неговиот најголем адут на тешките патеки во Италија.

Тој ќе се натпреварува во спринт, интервал старт 10 км.

Јана Атанасовска

Таа важи за млада надеж која поставува нови стандарди во македонското скијање.

Го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историја на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30.56 ФИС точки.

Со злато на FIS Weinebene и три старта на Светскиот Куп, таа е подготвена за својот олимписки настап.

Ќе се натпреварува во слалом и велеслалом.

Зимските олимписки игри започнуваат на 6. февруари, а ќе траат до 22. февруари.

Фото: МОК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести