Даниел Раевски, волонтер на Црвениот крст на Македонија, стана топ тема и доби бројни пофалби, откако за време на обележувањето на Богојавление – Водици во Скопје, спаси маж кој се давеше во Вардар, откако скокна по крстот.
Кој е Раевски
Раевски е долгогодишен спортист. Бил дел од Таеквондо клубот во Бутел, а моментално тренира во Џудо клубот Радишани.
Тој е студент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје и има 22 години.
Како што информираа од Црвениот крст, тој веќе седум години е волонтер таму.
Дел е од националниот интервентен тим при катастрофи, а волонтирањето го започнал во Клубот на млади на општинската организација на Црвен крст Кисела Вода.
-Преку годините, вели, научил дека во секоја ситуација најважно е да се остане смирен и да се донесе правилна одлука, посочуваат од таму.
Спасител на вода е веќе пет години, а моментално е и демонстратор на затворени води во Центарот за безбедност на вода – Скопје.
Зад себе има искуство како спасител во поголем број на водени површини.
-Сите овие искуства, како што вели, му помагаат во реални ситуации да реагира смирено и навремено, велат од Црвениот крст.
Фото: Црвен крст/Фејсбук














