Затворски притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“

Од куќен, поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи, ќе одат во затворски притвор од 30 дена, информираше денеска Апелациониот суд Скопје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Од Судот соопштија дека е прифатена жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за куќниот притвор кој претходно им го одреди Основниот кривичен суд Скопје.

Васев е обвинет во два предмети за овој случај, познат во јавноста како “Онкологија“. Во првиот за злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти, а во вториот заедно со Нухи се обвинети за проневера и измама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрено обвинението за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“

Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“

Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести