Заврши истрагата за пожарот во Кочани, не се знае колку обвинети ќе има

Истрагата за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица заврши, а засега не се знае колку обвинети ќе има.

За некои од осомничените истрагата може да биде прекината.

Информацијата за ТВ 24, ја соопшти државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски.

Од денеска почнува увидот на одбраната во доказите. За тоа има на располагање 15 дена, а вој тој период има и право да достави свои докази.

По завршувањето на оваа процедура ќе следи јавно-обвинителска одлука.

Истрагата траеше 2,5 месеци, а во истата се вклучени 13 јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега на распит биле над 300 сведоци, истрагата за пожарот во Кочани завршува за неколку дена

Осомничен и сопственикот на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ во Кочани: Истрагата за пожарот се проширува

Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, запеа за првпат по пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести