Собранието со 81 гласови “за“, ги усвои измените на Законот за прекршоци, со што се даде зелено светло за електронскиот систем „Безбеден град“ да стартува од 1. февруари.
Пратениците на ДУИ и СДСМ гласаа против, а координаторот Оливер Спасовски образложи зошто СДСМ гласале против.
„Не е регулирано чувањето на личните податоци, мејловите на сите возачи, нивните телефонски броеви за праќање смс за казни, снимките од движењето на граѓаните, посебно што актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ има лоша историја со злоупотреба на личните податоци на граѓаните,“ рече Спасовски и додаде дека на одредени места знаците покажуваат дека може да возите 70 или 80 километри на час, а ви стига порака дека сте возеле повеќе од 50км/ч и сте направиле прекршок.
За да се изгласат измените беше потребно двотретинско мнозинство. Измените ги подржаа и пратеници на Левица, како и независниот пратеник Илир Демири, кој ја напушти Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села и Бејџан Иљас од Партијата на Турците, која неодамна го напушти Европскиот фронт предводен од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли одлагање на казнувањето преку “Безбеден град“?
Фото: МВР














