Црногорските медиуми јавуваат дека жена од Македонија починала на плажа на Свети Стефан во Црна Гора.
Станува збор за С.Г. (80) од битолско, а починала додека пливала во плитко во морето, откако и се слошило.
Во Црна Гора била со семејството, а како што објавија тамошните медиуми, безуспешни биле обидите за нејзина реанимација.
Таа повеќе години имала проблем со срцето.
Фото: Унсплеш