Жито лукс со намалена добивка во третиот квартал

Жито Лукс АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил добивка пред оданочување од 23 милиони денари, која е за 2 милиони денари помала во споредба со добивката остварена истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Како што велат од таму тоа е резултат на повисоките трошоци за основни суровини, енергија и работна сила.

-Оперативната добивка бележи умерено намалување во споредба со минатата година, како резултат на зголемените производствени и дистрибутивни трошоци, кои се делумно ублажени преку мерките за контрола на трошоци и подобрената ефикасност.

Бруто-профитната маржа останува стабилна, поттикната од редовно генерирање приходи и ефективните ценовни стратегии. Бруто маржата од 33% одразува добра производна профитабилност и континуирана побарувачка за производите на Компанијата, велат од таму.

Генерираните приходите од продажба се стабилни во однос на споредбениот период, рефлектирајќи континуираната побарувачка на пазарот, посочуваат од таму.

-Растот на обем на продажбите од 4% кај основните категории производи укажува на продолжена потрошувачка наклонетост кон брендираните производи на Компанијата. Зголемувањето на продажбите во овие сегменти, позитивно влијае врз бруто-профитот и ги одразува ефективните комерцијални и дистрибутивни стратегии.

Останатите оперативни приходи изнесуваат 13 милиони денари, што претставува зголемување од 5 милиони денари во споредба со истиот период во 2024 година.

Овој раст главно се должи на поголеми приходи од помошни деловни активности и еднократни добивки, обезбедувајќи дополнителна поддршка кон оперативната профитабилност на Компанијата.

Зголемувањето на трошоците на продадени производи за 4%, примарно се должи на повисоки цени на основните производствени инпути и зголемени фиксни трошоци на тековните капитални инвестиции.

Овие фактори придонесуваат кон пошироки инфлаторни движења, додека стратегистките одлуки за инвестирање се насочени кон подобрување на долгорочниот капацитет и ефикасност. Пониските оперативни трошоци се показател за ефективната контрола на трошоците на Компанијата и враќање кон стабилен тренд на издвојување средства за маректинг активности, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Лукс со намалена добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести