Ќе се затвори ли забавниот парк Зимзоленд во Скопје?

Забавниот парк Зимзоленд во скопската општина Аеродром немал дозвола од Град Скопје за да врши таму дејност, информираше вчера градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил.

Според него испекциските служби во паркот констатирале повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект.

Според него, дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, било наложено градежниот инспектор од Општината да постапи согласно законските регулативи.

На информацијата реагираа од Паркот. Од таму демантираат дека истиот ќе бил затворен, како што објавија дел од медиумите.

Од таму велат дека тоа нема да случи. Потврдуваат дека имало инспекциски надзор и дека целосната и потребна документација ја доставиле до надлежните служби.

Додаваат и дека работното време останува непроменето. Во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести