Злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорски манастир предупредува дека кружат лажни интернет-страници и спонзорирани објави, а во кои грубо се злоупотребува името и угледот на манастирот, како и на монашкото братство.

„Во наведените лажни текстови (како оној за препаратот „BoneControl“), измамници лажно тврдат дека монасите од нашиот манастир наводно „измислиле“ или „произведуваат“ чудотворни лекови и масти за зглобови и коски.

Сакаме категорично да изјавиме:

1. Бигорскиот манастир НЕМА никаква поврзаност со овие производи. Ние не произведуваме, не рекламираме и не продаваме ваков вид на медицински препарати.

2. Секоја изјава, интервју или препорака која наводно доаѓа од нашите монаси во врска со овие производи е целосно измислена и лажна.

3. Станува збор за класична интернет измама која има за цел финансиски да профитира преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата,“ се вели во реакцијата.

Од Бигорски манастир апелираат на исклучителна внимателност.

„НЕ ги купувајте овие производи и не ги оставајте вашите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие „лекови“ се со непознато потекло и состав, и можат да бидат опасни по вашето здравје. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или на нашите официјални канали за комуникација. За оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал,“ се додава во соопштението.

Фото/еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести