Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети, е во фокусот на јавноста, откако поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И заменикот министер за земјоделство, Беџети, поднесе оставка, ќе оди со Таравари
Оваа следи откако крилото на Арбен Таравари во поделената Алијанса за Албанците (АА) одлучи да ја напушти Владата, по одлуката за самостоен настап на престојните локални избори.
Беџети заминува со Тарвари, како и заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заменик министерката за одбрана Елфете Исмаили поднесе оставка
Од Владата не заминува уште еден кадар на крилото, вицепремиерот за добро владење, Арбен Фетаи.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Беџети до Антикорупциската комисија кога станал заменик министер.
Каков имот пријавил
Од недвижен имот пријавил само стан во Мала Речица на име на родителите.
На свое име нема ни автомобил. Возила пријавил на име на сопругата – мерцедес бенз, а на име на родителите – фолксфаген.
Има и два кредити, еден на негово име, а другиот на име на сопругата, на чие име пријавил и злато и накит проценети на 615 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка
Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари
Каков имот пријавил пратеникот Салим Сулејмани од АА на Таравари, кој поднесе оставка
Фото: МЗШВ