Спортската, но и пошироката јавност е во шок, а социјалните мрежи се преплавени со негативни реакции за вчерашното одложување на натпреварот на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК.
Како што е познато во салата „Борис Трајковски“ во Скопје на терен не излегоа грчките играчи, оти тоа не им го дозволи управата на тимот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да потсетиме дека АЕК слично нешто направи и на натпреварот со српски Партизан во Белград, Србија, кога на реваншот, поради предмети фрлени од публиката, грчките играчи се повлекоа од теренот, а натпреварот потоа се одигра минатиот во Шумен, Бугарија.
На натпреварот во Атина, Грција, Партизан изгуби со 27-22, а на реваншот победи 24:19, а АЕК по пенали продолжи во полуфиналето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РК Алкалоид: Огромна благодарност за поддршката, не по наша вина, финалето не се одигра
Грчки АЕК ги обвини македонските власти за откажувањето на натпреварот со Алкалоид
Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл поради безбедносни причини, срамно соопштение од ЕХФ
Фото: РК Алкалоид