Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, заедно со поранешниот организациски директор Нехат Нухи, се дел од обвинетите за случајот „Онкологија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“: Сите детали
Васев е опфатен и со двете обвиненија кои ги поднесе Основното јавно обвинителство.
Со првото е обвинет за несовесно лекување болни од канцер и тешки дела против здравјето на луѓето.
Другото обвинение пак се однесува на економското работење на Клиниката, каде е обвинет заедно со Нухи, за злоупотреба, измама и проневера во службата.
Според Обвинителството со незаконска набавка на лекови поранешните директорите го оштетиле буџетот за околу 36 милиони евра, а се товарат и дека го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување да врши незаконска исплата и дека им овозможиле корист на добавувачите од околу 7 милиони евра.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Скопје, која е подарок.
Вози Фолксваген голф, а има и кредит од 741,3 илјади денари, кој треба да го врати до 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ