Вчера во македонското Собрание беа констатирани оставките на министерот за здравство, Арбен Таравари и на двајцата заменици министри, за одбрана, Елфете Исмаили и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети, кадри на крилото на Таравари во поделената Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието ги констатираше оставките на Тарвари и замениците министри за одбрана и земјоделство
Нивните оставки следат откако Тарвари одлучи неговото крило самостојно да настапи на престојните локални избори, по што ја напушти коалицијата „Вреди“ и Владата.
Над 50 државни функционери на АА на Тарвари се уште не поднеле оставки, а некои веќе најавија дека остануваат во коалицијата „Вреди“ или Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од над 50 функционери на АА на Тарвари засега само три оставки
Која е Исмаили
Таа стана заменик министерка на 24.07.2024 година.
Во периодот 2019 – 2024 година била придружничка на лице упатено во Делегацијата на Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.
Во периодот 2006 – 2008 била директоркa во ГЦПС Пошта – Скопје – 2 при Македонска пошта.
Во периодот од 2008 до 2019 година работела како маркетинг соработник во Македонска пошта.
Во периодот 2005 – 2009 година била избрана за советничка во Општина Гази Баба.
Во периодот 2000 – 2002 година ја започнала својата професионална кариера во Фондот за регионални и магистрални патишта, со должности во економскиот сектор.
Таа е дипломиран економист. Додипломските студии ги завршилa на Државниот универзитет во Тетово.
Зборува и англиски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавил министерот Арбен Таравари, кој поднесе оставка
Фото: Фејсбук/Исмаили