Во рамки на скринингот на жителите од Трубарево, вчера на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2.
„Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија.
Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет,“ информираат од Министерство за здравство.
Скринингот продолжува и денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тимови од Пулмологија ќе прават скрининг на жителите во Трубарево
Фото/Unsplash