еМагазин, првиот македонски онлајн магазин денеска го слави својот 12. роденден.
Во текот на овој период еМагазин стана и се уште е еден од многу ретките медиуми кои пред се следат бизнис од различни аспекти – преку Македонската берза, јавните набавки, работењето на компаниите, банкарскиот сектор, инвестициите…
Ние сме исто така еден од многу ретките македонски онлајн медиуми кои секојдневно објавуваат своја оргинална содржина со додадена вредност, а од читателите и клиентите сме препознаени како независен и релевантен медиум.
Посветуваме внимание и на нашата општествена одговорност, па сме исто така еден е ретките медиуми кој има посебна рубрика за информации поврзани за помош на граѓаните.
Препознаени сме и од македонската музичка и културна сцена, кои се исто така во фокусот на нашиот интерес.
Досега имаме добиено и две награди – благодарница од Македонскиот институт за медиуми за истражувачко новинарство, како и награда од Советот за етика во медиумите во Македонија, што е реткост помеѓу онлајн медиумите.
Наши клиенти со години се едни од најголемите компании во земјава.
Се финансираме исклучиво од реклами и ПР објави. Никогаш не сме користеле средства од амбасади, фондации, политички партии и државата, што исто така не става во групата на многу мал број на медиуми во Македонија кои се исклучиво пазарно ориентирани.
По повод 12. роденден еМагазин неодамна направи редизајн на десктоп и мобилната верзија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин од денеска со нова desktop и мобилна верзија