13 хоспитализирани по пожарот во „Макпрогрес“, меѓу нив пожарникари и вработени: Детали од Министерство за здравство

Министерството за здравство информираше дека по пожарот кој вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли на „Макпрогес“ во Виница, се хоспитализирани 13 лица.

Една пожарникарка е хоспитализирана во болницата во Штип, четворица пожарникари во болницата во Кочани, и осуммина вработени во фабриката на Клиника за Токсикологија во Скопје.

Од Министерство додаваат дека сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести