Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг се искачи на 151, дел од исчезнатите никогаш нема да бидат пронајдени

Бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг, Кина, се зголеми на 151 лице.

Околу 30 лица се уште се водат за исчезнати, а се стравува дека дел од нив никогаш нема да бидат пронајдени, бидејќи нивните тела целосно изгореле во пожарот.

Полицијата досега уапси 13 лица под сомнение за убиство од небрежност, а 12 се уапсени во антикорупциска истрага поврзана со реновирањето на комплексот.

Утврдено е и дека материјалите кои се користеле за реновирање на зградите придонеле за побрзо ширење на пожарот во комплексот во кој живееа над 4.000 лица.

Материјалите не ги исполнувале стандардите за гаснење пожари, а дел од опремата била скриена од инспекција, објавија тамошните медиуми.

Исто така алармите за пожар не работеле правилно и е утврдено дека изолационата пена која била користена при реновирањето дополнително го забрзала ширењето на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На најмалку 128 лица се зголеми бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести