Во моментот во Македонија има 168 пациенти коишто чекаат за бубрег, 37 пациенти коишто чекаат за срце, 12 за црн дроб, a 23 за рожници, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Граѓаните кои сакаат да донираат органи по нивната смрт, ќе може да се пријавуваат во „Мој термин“ од 1. октомври.
„Волјата на граѓанинот конечно добива јасно, видливо и заштитено место. Секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител.
Таа волја ќе биде евидентирана во системот, а граѓанинот ќе може во секое време да ја промени. Со тоа, државата ќе добие појасна рамка, а граѓанинот поголема сигурност дека неговата одлука ќе биде почитувана,“ рече Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со изјава кај матичен лекар секој може да одлучи дали би ги дарувал органите по својата смрт
Фото: Унсплеш














